Крал кој работи како градинар

Ерик Ману, кој е крал на едно западноафриканско племе од Гана, работи како градинар во Канада за да собере пари за помош на неговото племе и да им обезбеди здравствена заштита, пишува „Индепендент“.
Ерик ја наследи круната откако неговиот чичко почина минатата година, па од Канада накратко се врати во родното село за да ја преземе власта и престолот. Но, кога увидел како живеат неговите поданици, Ерик одлучил да се врати на работа и да собере помош за најранливите припадници на племето.
Благородниот крал стана вистинска ѕвезда во Канада откако беше гостин во една радио емисија, па сега луѓето често на улица го прашуваат зошто работи како градинар кога веќе може да ужива во статусот кој има како крал..
Ерик вели дека е факт оти тоа што станал крал целосно го променило и дека е свесен за одговорноста што сега ја носи.
Тој е целосно посветен на должноста, а гледајќи во каква состојба е неговото племе, кое брои околу шест илјади луѓе, решил да ја земе работата во свои раце и да заработи пари и собере за помош.
Ерик е горд што работи тешка работа за да им помогне на припадниците на неговото племе, а неговата поренешна шефица, Сузан Вотсон реши да основа фондација која собира финансиски средства за поданиците на нејзиниот поранешен градинар.
Вотсон многу е заинтересирана за неговата животна приказна, па го посети неговото родно село во чија болница има само една бабица и две медицински сестри, но не и лекар.
Ново на Сител
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
