Крај на врската по осум години – Катарина Шишмановиќ го остави момчето!
Водителката Катарина Шишмановиќ ја заврши долгогодишната бурна врска со Горан Стаменковиќ, сопственикот на продукцијата Емоушн.
После осум години врска тие двајца решиле да се разделат, а Катарина ја напушти емисијата „Се за љубов“ која до неодамна ја водеше.
-Горан и јас отсекогаш ги одвојувавме работата и приватниот живот. Не можам да кажам дека тоа се поклопи, но ние двајца решивме да ставиме точка на нашата емотивна приказна.Четири години живеевме заедно, претходно имавме уште еден обид за врска. Единствено што можам да кажам е дека последните осум години беше важен дел од мојот живот – рекла Катарина.
Водителката не крие дека тешко ја поднела разделбата.
-Разделбата никогаш не може да биде лесна, но јас бев подготвена. Тоа е момент кога донесувате одлука како зрела личност, без солзи и расправии. Ништо не е лесно кога се прекинува, но кога ќе сфатите дека тоа е единствена опција, тогаш треба да ја завршите таа епизода. Често велат после шест месеци ви недостига и каменот кој ќе ви испадне од џеб. Секако дека ми недостига и дека боли- објаснила Катарина.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев