Балкан
28. March 2018 - 15:00

Крадец им ја уништи романтиката: И оставил роденденски подарок пред вратата, но некој бил побрз од неа!

Девојчето од  Требиње остана без подарокот  за 18-тиот роденден што го добила од нејзиното момче.
 
Во полициската станица во  Требиње било  пријавено дека во понеделникот вечерта во близина на ресторан во Требиње, украден е подарок за роденден. 
 
Тој  оставил скапоцен подарок пред нејзината врата, на ѕидот од капијата, а потоа ја повикал да излезе по подарокот и цветот и заминал. Мислел дека ќе биде романтично  ако подарокот го отвори сама. 
 
 
Меѓутоа , тој доживеал шок кога му се јавила девојката после неколку минути и го прашала каде е подарокот бидејќи таа не пронашла ништо на местото каде го оставил. 
 
Девојката живее на прометна населба, па се сомневаат дека за тие минути низ таа улица поминале неколку луѓе, и некои од нив убаво си го собрал подарокот од оградата и го упроопастил роденденот на девојката.