-->
-->
Ковид-болниците во Србија се пред затворање бараме начин да ги искористиме, најавува министерката за здравство
-->
Српската министерка за здравство Даница Грујичиќ нагласи дека министерството и државата се пред одлука за затворање на болниците за болни од Ковид-19 и начинот на кој тие ќе ги користат тие простори.
„Болницата „Ковид“ во Батајница има повеќе од 930 кревети, а во Нови Сад и Крушевац повеќе од 500“, вели Грујичиќ за денешната „Политика“.
Коментирајќи ги претходните најави дека тие би можеле да се претворат во центри за палијативна нега, Грујичиќ рече дека некои згради треба да се конзервираат, исчистат, дезинфицираат и зачуваат во случај на нова пандемија.
„Не треба да го изгубиме од вид фактот дека секогаш ќе има болници и здравствени домови кои треба да се реконструираат, така што таквата зграда ќе може да се искористи за преместување на институцијата додека не заврши реконструкцијата на објектот“, рече Грујичиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија
-
Азески: Господ на помош на тој што ќе донесе милијарда евра
-
Преглед на вестите од светот