КОВИД-19: Македонија убедливо најлоша во регионот – умира секој 22 пациент со дијагностицирана корона

По еден ден без жртви, Македонија повторно се врати на врвот во Европа според смртноста предизвикана од корона вирусот. Пред земјава е само Црна Гора која брои нешто над 600 илјади жители и каде вчера починале 4 пациенти.
Во регионот Македонија регистрираше најмногу жртви во апсолутни бројки што е шестиот најлош резултат на ниво на цела Европа.
Во Србија се пријавени 8 смртни случаи колку што имало и во Бугарија, Босна и Херцеговина и Црна Гора по 4, еден помалку во Албанија и Грција, два во Хрватска и еден во Словенија.

Статистиката покажува дека од почетокот на кризата Македонија има далеку најголема смртност во регионот со 212 жртви на милион жители. Зад нас е Босна и Херцеговина каде смртноста е 2 ипол пати помала од Македонија односно на милион жители починале 82 пациенти.
Најдобро во регионот се држи Грција каде од почетокот на кризата на милион жители се регистрирани 19 починати пациенти.
Македонија води и според бројот на дијагностицирани пациенти на милион жители. Зад нас е Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србина, а најдобра слика имаат Грција, Словенија и Хрватска. Според овие податоци, бројките велат дека во Македонија починува секој 22 пациент кај кој ќе биде дијагностициран корона вирусот.

Сепак, министерот за здравство Венко Филипче ваквата епидемиолошка состојба ја оцени како генерално стабилна додавајќи дека во овој момент потребно е само да се почитуваат препораките и протоколите и дека нема потреба за нови рестрикции.
- Нема никаква индикација, или пак, кој било параметар да укажува дека ситуацијата се влошува и во однос на број на новодијагностицирани пациенти, и во однос на број на пациенти кои треба да се хоспитализираат, рече Филипче.
Инаку Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија се регистрирани вкупни 517 прекршоци за непочитување на мерката за носење на заштитина маска.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-

УЈП ја почнува третата фаза од проектот е-фактура
-

Путин ќе одговара на прашања од „западни“ новинари во Санкт Петербург
-

Николоски: Градежништвото расте со 7,2 проценти, а градбата на патиштата и железницата со 20 проценти во првото тромесечје
-

Маврови Анови со најмногу дожд во изминатите 24 часа, денеска се очекува невреме низ земјава
-

Руската ПВО соборила 272 украински дрона, три жртви во украински напад врз Симферопол на Крим
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Руте: Продолжува испораката на ракети пресретнувачи PAC-3 за Украина
-

АХВ одбележува 15 години постоење
