Ковчегот со телото на Мухамед Али ќе го носат Вил Смит и Ленокс Луис
Познатиот актер Вил Смит и британскиот боксер Ленокс Луис ќе бидат меѓу оние кои ќе го носат ковчегот со телото на Мухамед Али на неговиот погребот в петок.
Холивудската ѕвезда, која беше номинирана за Оскар и за Златниот глобус за улогата Али во истоимениот филм од 2001 година, ќе биде меѓу осуммината кои ќе го носат ковчегот на боксерсата легенда.
Покрај Смит и Ленокс, ковчегот ќе го носат и роднините на Али, Џон Грејди и Џон Вадел, неговиот внук Ибн Али, поранешен зет Комави Али, семејниот пријател Џон Ремзи, како и поранешниот спаринг партнер на боксерската легенда Џери Елис.
На јавната комеморација која ќе биде оддржана во родниот град на Али, Луисвил се очекува да присуствуват илјадници лица. На комеморацијата ќе се обратат претседателот на Турција, Реџеп Такип Ердоган и крал на Јордан, Абдула Втори, додека поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон ќе изведе псалма, тврдат организаторите.
Неговата вдовица Лони Али, ќерката Маум Али и комичарот Били Кристал исто така, ќе присустуваат на оваа комеморација. Безбедноста ќе биде на највисоко ниво.
Ковчегот со Али стигна во Луисвил во неделата со приватен авион во придружба на сопругата и други роднини. В петок претпладне ковчегот ќе мине низ улиците на овој град за да можат обожавателите да се збогуваат од боксерската легенда.
Али ќе биде погребан според исламските обичаи, а џеназа ќе одржи имамот Заид Шакир.
Ново на Сител
-
Приведен 71-годишен маж, предизвикал пожари во Демиркаписко
-
Кривичниот суд Скопје започнува дигитална трансформација со поддршка од вештачка интелигенција
-
Незаконски присвоил 2 110 640 денари од пациенти, условна затворска казна за вработен во прилепската болница
-
Кривични пријави за две лица од Струга и струшко поради предизвикување пожари
-
Почина Ози Озборн
-
Трамп објави трговски договор со Јапонија, вклучувајќи царини од 15 проценти
-
Руските сили го нападнаа Криви Рих, погодени неколку места, избувнаа пожари
-
Спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар, вели Ангелов