Ковачки до Ковачевски: Дали сте запознаен дека офицери изнудувале сексуални услуги од подредени колешки?

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната седница за пратенички прашања во собранието на Македонија постави две прашања до премиерот Ковачевски, дали е запознаен дека во институцијата со највисока доверба кај граѓаните има највисоки офицери кои изнудувале сексуални услуги од нивните подредени колешки и дали ќе побарате оставка од министерката Петровска за не превземање а со тоа и стимулирање на вакви и слични појави во иднина? И второто прашање до премиерот е кога ќе го разреши Оливер Спасовски.
„Пола влада ја нема па прашањата ќе ги упатам до премиерот. Две прашања имам. Покрај појавата за плаќање кеш и давање мито за мисии во АРМ има сериозни случаи на злоупотреба на службената позиција и сексуално малтертирање на офицерки и воени лица од страна на високи офицери. Истите високи офицери за возврат им ветувале школување на воената академија и други бенефити. Трагајќи по главните митаџии во министерството за одбрана во телефонот на уапсено лице се пронајдени докази односно постојат фото и фоно записи со кои се потврдува злоупотребата за службената позиција од страна на генерал и полковник и за истото е информирана министерката за одбрана, и Стево Пендаровски кој не покажал интерес за ништо. Зошто министерката и Пендаровски не превземаат ништо? Тие одлучија да молчат. Премиере дали вие сте запознаени дека во институцијата со највисока доверба кај граѓаните имате највисоки офицери кои изнудувале сексуални услуги од нивните подредени колешки и дали ќе побарате оставка од министерката Петровска за не превземање а со тоа и стимулирање на вакви и слични појави во иднина? И второто прашање е кога ќе го разрешите Оливер Спасовски?- праша Ковачки.
Ново на Сител
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
-

Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди
-

Николоски: Македонија меѓу првите земји со технологија на „Старлинк“, со што третиот мобилен оператор ќе биде поконкурентен
-

Масовни протести во Франција: Речиси 1.000 приведени, судири со полицијата и стотици илјади демонстранти
