Фудбал
19. August 2015 - 7:58

Ковачиќ шест години во Реал Мадрид

Хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ потпиша шестгодишен договор со Реал Мадрид, потврди ‘кралскиот клуб’ на својата интернет страница. Младиот фудбалер официјално на новинарите ќе им биде претставен во среда.
 
Ковачиќ (21) во Реал пристигна од милански Интер, а според медиумите трансферот е ‘тежок’ 35 милиони евра, што го прави Ковачиќ најскапиот фудбалер во историјата на хрватскиот фудбал.
 
Младиот и талентиран играч кариерата ја започна во Динамо Загреб, а во последните две години беше играч на Интер.