Ковачевски за случајот со Онкологија: Ќе бидат санкционирани сите оние кои го прекршиле законот
Ќе бидат санкционирани сите оние кои го прекршиле законот, но не смее да се напаѓаат сите здравствени работници на Клиниката за онкологија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
- Се работи за наводи што се грозни и што не смеат да се случуваат, а за наводи што сме слушале во текот на изминатите 20 години. Ова е првпат да биде спроведена една ваква обемна акција за идентификување на можни сторители на вакви дела. Би сакал да повикам да не се прави сензационализација и напад на сите доктори и медицински сестри во државата, бидејќи најголемиот број од медицинскиот персонал којшто работи во нашата држава, се извонредни луѓе, кадри, што се грижат за здравјето на нашето население, подвлече премиерот, одговарајќи на новинарски прашања во Клубот на пратеници, каде беше означен почетокот на новата ИПАРД 3 програма.
Задачата на МВР и на Обвинителството, како што рече, е обезбедување докази врз основа на што ќе бидат идентификувани сторителите.
- Од страна на претседателот на Владата и од Владата, нема да има никакви интервенции во однос на заштита на кого било. Бидејќи, се работи за навистина грозни наводи што се предмет на истрагата на МВР и на Обвинителството. Исто така гледам по медиумите, посебно социјалните медиуми, дека се сака да се креира слика за вмешаност на само одредени лица, зависно од нивната припадност, она што можам да го кажам е дека ваков тип на криминал е мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен, дециден е Ковачевски.
Подвлече дека и за секоја друга клиника што ќе има слични наводи, ќе се постапува исто.
- Секој друг навод, што ќе биде достапен до јавноста, за која било клиника, исто така ќе биде, на овој начин, третиран и санкциониран од страна на релевантните институции. Одговорноста има име и презиме и врз основа на докази ќе бидат санкционирани оние кои ќе бидат идентификувани дека го прекршиле законот, дека ги прекршиле и етичките и моралните норми за извршување на здравствената дејност, порача Ковачевски.
Во моментот со Клиниката за онкологија раководи нов директор.
Ново на Сител
-

ОН: Протокот на стоки низ Ормуската Теснина речиси целосно запрен
-

Најмалку пет загинати во израелски напади врз Либан, тројца од нив припадници на спасувачките служби
-

Пресуда за Штекли и уште четворицата обвинети во предмет за дрога
-

Законските измени за укинување на техничката влада на пленарна седница
-

Трамп: Кралот Чарлс Трети се согласува дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје
-

Регионален форум за управување со отпад - „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“
-

Зеленски: Украина ќе извезува оружје
-

Сончево време со мала до умерена облачност
