Ковачевски за „Ди Пресе“: Русија има интерес од замрзнати конфликти на Балканот
Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за австрискиот дневен весник „Ди Пресе“, порача дека во време на воената агресија на Русија кон Украина, членството во НАТО е од огромно значење за Република Северна Македонија, особено за нејзината економија.
-Неиспровоцираниот напад на Русија врз Украина докажува дека членството во најголемиот светски одбранбен сојуз НАТО, е од огромно значење за секоја членка. Ние сме мала земја. Нашата безбедност ја гарантираат сите членки на НАТО, што има многу позитивни последици за нашето општество – исто така и за нашата економија. Затоа што странските инвеститори, особено оние од инфраструктурниот сектор, знаат дека се во безбедна земја, заштитена од НАТО, истакнува премиерот Ковачевски во интервјуто за “Ди Пресе“.
Ковачевски, како што информираат од владината прес-служба, за австрискиот весник се осврнува и на континуираниот геостратешки интерес на Русија за Балканот.
-Западен Балкан отсекогаш бил од интерес за Русија. Нејзиното влијание преку медиумите, вклучително и преку некои политички партии, беше секогаш присутно. Русија има интерес од замрзнати конфликти на Балканот, кои им оневозможуваат на земјите да го изодат својот пат кон евроатлантските интеграции, дополнува претседателот на Владата за австрискиот медиум.
Ново на Сител
-

„Сувото одлагалиште“ ја заштитува средината - светски експерти го поздравуваат рударскиот метод кој е најавен и во проектот во Иловица
-

Технолошкиот парк Н99 потпиша договори за соработка со арапската компанија SAVVY
-

Петрушевски: За СДС, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога не се работи за нивните кадри
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
