Ковачевски во Охрид на Преспа форум за дијалог

Премиерот Димитар Ковачевски, од денеска до 17 јуни 2022 година учествува на Преспа форумот за дијалог во Охрид.
На Форумот премиерот Ковачевски, како што соопшти владината прес-служба, ќе оствари бројни средби, меѓу кои и со специјалните претставници за регионот, од САД Габриел Ескобар, од ЕУ Мирослав Лајчак, со Розмари Ди Карло, под-Генерален секретар на ООН за политички прашања.
Премиерот Ковачевски како главен говорник ќе ја отвори сесијата на тема „65 години после Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“, на 17 јуни 2022 година, во 9:30 часот.
На панел сесијата предвидено е учество и на премиерите на Србија Ана Брнабиќ, на Косово Албин Курти, Мајлинда Брегу, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Матео Бономи експерт за економија од Меѓународниот институт во Рим.
На Форумот кој се одржува од 16 до 18 јуни 2022 година се очекува присуство на повеќе претседатели, премиери, шефови на дипломатии, како и претставници на тинк-тенк организации кои ќе разговараат за иднината на Западниот Балкан.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
