Ковачевски: Украинскиот политичар доби државјанство врз основа на позитивните мислења од сите релевантни институции
– Државјанство се издава врз основа на одобрение од повеќе државни институции, а за државјанството на укринскиот политичар имаше позитивни мислења од сите релевантни институции, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.
-При издавањето на тоа државјанство биле прибавени сите позитивни мислења од сите релевантни институции согласно со процедурата. Врз основа на тие позитивни мислења Владата донела одлука да додели државјанство, рече Ковачевски во одговор на прашање зошто му е дадено државјанство на украински политичар кој се товари за проневери, по отворањето на Првиот национален саем за храна и пијалаци во Градскиот парк во Скопје.
Нормално е, додаде, како Влада да побараме и други испитувања за да видиме дали постојат и некакви други информации кои што треба да бидат замени во предвид.
Ново на Сител
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД
-
Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули
-
Трамп за Би-Би-Си: Разочаран сум од Путин, но сè уште не сум се откажал од него