Ковачевски, Шекеринска, Клингбеил и Курти дел од учесниците на панел-дискусијата за Западен Балкан
Панел-дискусија на тема „Прогресивни политики – одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“ ќе се одржи денеска, во 18:30 часот, во Даут-пашин амам во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје.
Настанот ќе започне со воведни излагања на потпретседателката на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска и претставничката на Фондацијата Фридрих Еберт Хелен Кортлаендер.
На панелот свои излагања ќе имаат претседателот на Социјалдемократската партија на Германија Ларс Клингбаил, првиот човек на СДСМ Димитар Ковачевски, лидерот на Движењето „Самоопределување“ и премиер на Република Косово Албин Курти, потпретседателката на Демократската партија на Србија Драгана Ракиќ, лидерот на Партијата за слобода и правда (СПП) Драган Ѓилас, потоа, првиот човек на Социјалдемократската партија на Црна Гора Иван Вујовиќ, потпретседателот на Демократска партија на социјалистите на Црна Гора Иван Вуковиќ.
На панелот свое излагање ќе има и потпретседателката на Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина Лана Прлиќ, како и генералниот секретар на Социјалистичката партија на Албанија Бленди Клоси.
Ново на Сител
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место