Ковачевски - Рено-Басо: Поддршката од ЕБОР е важна за стратешкиот приоритети и натамошниот развој на државата

Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Тирана во рамки на Самитот на лидери на Берлинскиот процес се сретнаа со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо.
На средбата е потврдена долгогодишната соработка со ЕБОР и нагласено е дека е многу важно поддршката да продолжи во интерес на натамошниот развој на регионот. Потенцирана е поддршката што ЕБОР и ја дава на земјава за реализација на инфраструктурните проекти од Коридорот 8 и за автопатот Скопје-Блаце. Соговорниците, како што информираат од Владата, се согласиле дека Северна Македонија е лидер во регионот во инвестиции во извори на обновлива енергија и поддршка на зелената транзиција.
Премиерот Ковачевски посочил дека Владата ќе продолжи да работи на подобрување на стандардот на граѓаните и на условите за развој на стопанството.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
-

Финансиска полиција откри милионско затајување кај скопска фирма без специјализирана дејност
