-->
-->
Ковачевски: Отворени се вратите за сите партии кои се за Европска Македонија
-->
Отворени се вратите за сите партии кои што се за концептот за европска Македонија, се разбира дека кога зборуваме за Алијанса за Албанците треба да зборуваме дека таа соработка може односно треба да се направи врз основа на програмски политики и кадровски, за коишто се уште нема комплетни разговори, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање„Во државата има два концепти, првиот концепт е за европска Македонија, односно продолжување на патот на преговори и зачленување на државата во ЕУ. Вториот концепт е концептот на Левица и на нивниот заложник ВМРО – ДПМНЕ против ЕУ и НАТО којшто го потврдија во сите гласања наназад во 31 година. Бидејќи нема една стратешка одлука која што ВМРО – ДПМНЕ ја поддржало, за жал. Сите политички партии кои се за концептот за Европска Македонија вратата за нив е отворена. Се разбира дека кога зборуваме за Алијанса за Албанците треба да зборуваме дека таа соработка може односно треба да се направи врз основа на програмски политики и кадровски. За такви се уште нема комплетни разговори. “ рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
