Ковачевски на вториот меѓународен саем „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград
Премиерот Димитар Ковачевски денеска учествува на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград. Ковачевски, кој е придружуван од министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за транспорт и врски, Љупчо Николовски и Благој Бочварски, ќе има обрачање на официјалното отворање на саемот.
На годинашниот саем се присутни над 600 изложувачи од бројни винарии, дестилерии, гастрономски компании од повеќе од 28 земји, што претставува одлична можност за воспоставување деловни релации, размена на идеи и ставови за винската индустрија пред сѐ.
Најголем дел од винариите, дестилериите и гастрономските компании што ќе се претстават на саемот се од земјите членки на Отворен Балкан. Покра 74 претставници од земјава, ќе има 260 од Србија и 21 од Албанија.
Првиот саемски ден ќе биде од затворен карактер за професионални купувачи и високи личности. Меѓу нив ќе има и претседатели, премиери и луѓе од владите на земјите од Отворен Балкан и на други земји кои ќе ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ.
Во рамки на посетата на Белград, утре премиерот Ковачевски ќе има средба со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, а ќе биде потпишан и Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси меѓу Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија и Министерството за градежништво сообраќај и инфраструктура на Република Србија.
Дополнително, под покровителство на Владата на Република Северна Македонија и во организација на премиерот Ковачевски, ќе се одржи настан „Македонска вечер“, во рамки на кој ќе има дегустација на македонски вина и храна.
Минатата година на првото издание на саемот „Винска визија Отворен Балкан“ имаше 400 производители на вино и храна од над 22 земји, меѓу кои и 42 винарии од земјава, како и „Македонска вечер“ на која покрај лидерите од регионот беа присутни и голем број бизнисмени.
Саемот се одржува под покровителство на владите на Албанија, Србија и Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи
-
РКЕ: Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот
-
Приведен 29-годишник кој избегал од кумановскиот затвор
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово