Ковачевски: Мисијата на Св. Климент Охридски е поврзана со почетоците на македонската писменост и тоа е трајно врежано во македонскиот идентитет
Мисијата на Свети Климент Охридски е директно поврзана со почетоците на македонската писменост и тоа е трајно врежано во нашиот, македонски идентитет, напиша премиерот Димитар Ковачевски во честитката по повод 8 Декември – празникот Свети Климент Охридски.
-Денеска одаваме почит и го славиме Свети Климент Охридски, ученикот на Светите браќа Кирил и Методиј и основач на Охридската книжевна школа. Свети Климент Охридски има непроценлив придонес во етаблирањето на нашата култура. Неговата мисија е директно поврзана со почетоците на македонската писменост и тоа е трајно врежано во нашиот, македонски идентитет. Го осигуравме признанието на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Денес, македонскиот јазик е меѓународно признат, покрај во Обединетите нации, рамноправно е застапен заедно со сите други европски јазици и во Европската Унија, потенцира Ковачевски во честитката.
Како што успеал Свети Климент во неговата мисијата, како што истакнува премиерот Ковачевски, сите ние имаме должност и обврска да успееме во надминувањето на секој предизвик, трпеливо, со храбри дела и со позитивни примери, со разбирање и помагање да ги заштитиме вредностите што нѐ обединуваат како граѓани, како народ и како држава.
Ново на Сител
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!
-
Од 1 јуни Македонците полесно до работна виза во Германија
-
Протест во зоната на Визбегово
-
Земјоделците постигнаа времен договор
-
Преглед на вестите од светот