Ковачевски - Костадинов: Приоритет на Општина Струмица капитални проекти во интерес на граѓаните

Премиерот Димитар Ковачевски и министри од Владата денешната посета на Струмица ја завршија со средба со градоначалникот Костадин Костадинов.
Како што објави струмичкиот градоначалник, со премиерот и министерката Јованка Тренчевска и заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, разговарале на повеќе теми поттикнати од актуелните состојби и новите предизвици, како во Струмица се решаваат тие, и служат за пример и за останатите општини во државата.
- Ги информирав за проектите коишто ги реализиравме досега во мојот мандат, а ги запознав и со капитални проекти кои ќе бидат приоритет во интерес на граѓаните и на Општината, објави Костадинов.
Покрај средбата во кабинетот на Костадинов, владината делегација предводена од премиерот Ковачевски го посети Младинскиот центар којшто е отворен пред неполн месец во општинската зграда.
Ново на Сител
-

Над 200 милиони евра годишно се даваат како државна помош, но не се знае кој добива и за што
-

Прегазени дете и тинејџер во две одделни сообраќајни несреќи
-

Зголемен водостојот на реките, во Кичево се уште се санираат штетите
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест на ССМ пред Владата
-

Се санираат штетите во Кичево, 250 лица и натаму се евакуирани
-

Ќе се врши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга
-

Бизнисот, УГД и општината во заедничка мисија - иновации дома
