Ковачевски: Ќе има јавна расправа за Законот за плати и потоа ќе се пристапи кон изработка на финално законско решение
Законот за плати е нешто што го најавив уште изминатава година, а целта е воведување на конзистентност и хиерархиско усогласување на платите во различни сектори и помеѓу различни сектори. Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за труд и социјална политика имаа задача да изработат Закон за плати во кој ќе бидат адресирани овие прашања и истиот е поставен на ЕНЕР. По завршување на јавна расправа која ќе се одржи наредните недели, може да се пристапи кон изработка на финално закoнско решение, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Тој напомена оти смета дека новото законско решение ќе го поддржат сите претставници на политичките партии во Парламентот.
–Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за труд и социјална политика добија задача да изработат Закон за плати во кој ќе бидат адресирани прашањата за воведување на конзистентност и одредено хиерархиско усогласување на платите, согласно областите во кои се регулира. Тие го исполнија првиот дел од својата задача, подготвија законско решение кое е поставено на ЕНЕР и кое сега сите ќе можат да го разгледаат, рече Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање по средбата со Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија.
Премиерот додаде дека во текот на наредните недели Министерството за информатичко општество, вклучително Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии ќе организираат јавни расправи со сите заинтересирани страни, вклучително и Економско социјален дијалог, каде ќе учествуваат и претставниците на Синдикатот, за да се дојде до финално решение кое ќе биде поздравено од сите засегнати страни, вклучително и на работодавецот, работниците и граѓаните кои плаќаат даноци.
–Кога ќе ги имаме сите коментари, тогаш ќе може да се пристапи кон изработка на финално законско решение, кое сметам дека ќе го поддржат сите претставници на политичките партии во Парламентот, додаде Ковачевски.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“
-

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран
-

Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
-

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро
-

Мицевски - Ле Риголер: Собранието двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
