Ковачевски: Изборите ќе бидат во законскиот термин

Изборите ќе бидат во законскиот термин. Не може да ги супституираме институциите со средби на кои ќе се договара нешто што не согласно парламентарните и законските процедури, тоа не личи на земја членка на НАТО која преговара со ЕУ. Инаку, се уште на маса е понудата да ги изгласаме уставните измени па да одиме на избори. Динамиката за проширување на ЕУ е реална и сега треба да се донесат државнички одлуки, рече денеска во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
- Во однос на изборите , изборите ќе бидат во нивниот законски термин. Што значи тоа? Ние имаме Закон за избор на претседател, Закон избор на пратеници, на парламент, Закон за избор на градоначалници и.т.н. и за сето тоа постојат закони во државата. Се знаат роковите , на 12 мај треба да имаме нов претседател, на 15 јули треба да имаме нови пратеници, бидејќи до тогаш е мандатот на пратениците, значи треба да имаме парламентарни избори. Она што стои се уште на маса јас ќе го повторам уште еднаш, тоа е ако ги изгласаме уставните измени како врвно прашање за продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата. Сега сите се уверивте после изјавите и на Мишел, по вчерашниот состанок во Гранада, по изјавата на еврокомесарот Вархеји по состанокот во Тирана, и по изјавата на претседателот на Франција Макрон дека динамиката за проширување во ЕУ постои и дека тие веќе се подготвуваат за проширување. Ние не смееме да се доведеме до ситуација, уште еднаш, наместо да ги носиме одлуките кои што се потребни, да одиме на бесконечни избори кои што ги гледавме 11 години во државата. Тие не донесоа ништо, државата беше изолирана, државата имаше проблеми со соседите, почна проблеми внатре и на крајот мораше да се носат одлуки со решение кои што беа полоши од тоа што го имавме во маса во 2011 година. Ние не можеме да супституираме институции значи да укинуваме парламент, да укинуваме политички парти и да одиме на лидерски средби на кои што ќе се разговара за решенија кои не се усогласени со ниту еден закон. Со оглед на тоа дека имавме лидерска средба, на која што јас како претседател на СДСМ овластен и од мојата политичка партија, овластен и од коалицијата, понудив на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ решение, во понеделник да ги изгласаме уставните измени, истиот ден да го распуштиме Собранието и да одиме на избори. Или доколку сака тогаш може да ги отвориме уставните измени, да влезат во владата на паритетна основа, односно 50% од министерствата, плус да ги затвориме процесите на скринингот и на уставните измени, да ги отвориме поглавјата, да затвориме заедно едно или две поглавје во што сум убеден дека ќе може да ги направиме до февруари и потоа да одиме на претседателски и на парламентарни избори . Тоа се опции кој што се уште стојат на маса инаку да ние ги супституираме институциите со средби на кои што ќе седнат двајца или тројца луѓе и ќе договараат нешто што не е согласно со парламентарните и законските процедури сметам дека тоа не личи на држава која што е земја членка на НАТО и која што преговара со ЕУ, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Николоски: Лидерската средба е доброволен чин, ако СДСМ сака сама да се изолира, не можеме ништо да сториме
-

МФ: Успешно реализирано издавањето на 10. Еврообврзница - силна доверба од меѓународните инвеститори
-

Ѓорѓиевски: Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, следува процес на одгасување
-

Различни бројки за загинати во Иран
-

Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES
-

Средба Муцунски - Ѓорѓиевски: Унапредување на соработката на домашните компании со ДКП
-

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда, сите го сакаат тоа
-

Украинскиот парламент не ги одобри министрите за одбрана и за енергетика
