Ковачевски: Идеалите на Делчев се патоказ за низата генерации македонски револуционери кои се вградени во македонската државност
Денешниот датум, 4 мај, останува врежан во историјата како поука дека силата и иднината се во единството. Поука на која не потсетува нашиот визионер и инспиратор на македонското револуционерно дело, Гоце Делчев, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.
Идеалите на Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбрал светот како поле за културен напредок меѓу народите, објави Ковачевски, се патоказ за низата генерации македонски револуционери кои се вградени во македонската државност.
- Тие се и наш патоказ, како прогресивна Влада, којашто посветено работи на изградбата на Северна Македонија во еднакво општество за сите и европски дом за сите граѓани, интегрирани меѓу најдемократските сојузи НАТО и ЕУ, пишува премиерот Ковачевски на фејсбук.
Ново на Сител
-

ОЈО: Истрага за претседател на суд и судски администратор
-

Рокас: Има забрзување на процесот на реформите
-

Тешко повреден кумановец во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Скопје
-

Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормуска Теснина
-

12-годишно девојче под присила праќало експлицитни фотографии и видеа на малолетник
-

Уапсен охриѓанец, одзел телефон на германска туристка, нападнал полицајци и во домот поседувал дрога
-

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
-

Сиљановска-Давкова: Употребата на придавката македонски не може да се забрани
