Ковачевски и Тренчевска попладне на средба со пензионерите
Премиерот Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска попладне ќе се сретнат со претставници на здруженијата на пензионери.
Пензионерите во изминатиот период протестираа барајќи линеарно зголемување на пензиите.
Владата со деветиот антикризен пакет предвиде мерки и за пензионерите со најниски примања. Во наредните пет месеци оние со пензија до 14 илјади денари ќе добиваат по 3.000 денари месечно, со пензија од 14 до 16 илјади денари по 2.000 денари месечно и оние со пензија од 16 до 19 илјади денари по 1.500 денари месечно. За таа намена се предвидени 35 милиони евра.
Ќе продолжи и финансиската поддршка за сметките за струја за домаќинствата со ниски приходи, корисници на гарантирана минимална помош и социјална пензија. За нив поддршката ќе изнесува 1.200 денари месечно во наредните шест месеци. Со оваа мерка за која се предвидени 5,9 милиони евра, опфатени се над 50 илјади корисници.
Ново на Сител
-
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
-
Вевчани инспирација за уметниците
-
26 годишен Македонец лани загинал во Чешка, братот бара одговори за причината за смртта
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ