Македонија
13. November 2022 - 9:03

Ковачевски и Спасовски во увид на обновената полициска станица во Гази Баба

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе го посетат реконструираниот објект на полициската станица во Општина Гази Баба.

Пред увидот во завршените градежни работи, владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, ќе положи цвеќе на споменикот на Македонските херои кој се наоѓа пред влезот на полициската станица.

По завршувањето на посетата Ковачевски и Спасовски ќе дадат изјави за медиуми.