Македонија
23. јуни 2022 - 16:27

Ковачевски: Хистеријата во Македонија ја создадоа луѓе кои се нарекуваат експерти

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во Брисел рече дека е изненаден од тоа што во земјава хистеријата во врска со предлозите за надминување на спорот со Бугарија ја креираат луѓе што се нарекуваат експерти и велат дека се познавачи на европската интеграција.

„Се создаде голема хистерија во Северна Македонија. Јас посебно сум многу изненаден од тоа што луѓе кои се нарекуваат експерти и тврдат дека знаат како се одвиваат процесите на европската интеграција се тие што ја креираат најголемата хистерија во земјата. Произлезе дека тие не разбираат како се изработуваат предлозите, како тие се комуницираат, како тие предлози се споделуваат меѓу земјите членки и кандидатите. Или го правеа тоа затоа што имаат лажни дипломи или го правеа тоа за некои други интереси, се надевам дека тоа не се интереси на трети страни“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања.