Ковачевски: Граѓаните штедат во просек 2.150 денари месечно со субвенционирање на цената на струјата

Со мерките што ги презема Владата за справување со енергетската криза и субвенционирањето на цената за домаќинствата граѓаните просечно месечно штедат по 2.150 денари за сметката за потрошена електрична енергија, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.
-Цената на електричната енергија е покачена секаде за 4-5 пати, а некаде и повеќе. Она што Владата го направи, прво е зголемување на производството на електрична енергија во државата и тоа е зголемено. Второ, при правењето на буџетот за 2022 година оставивме резерва во буџетот во висина од 130 милиони евра за да може прво да се обезбеди ликвидност на енергетските компании во државата и тука пред се мислам на ЕСМ, МЕПСО меѓутоа и на ЕВН како еден од големите играчи во индустријата без кои нема да имаме дистрибуција на електрична енергија, а се работи за приватна странска компанија која се покажа солидарна во оваа криза, истакна премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Битола.
Нагласи дека покрај тоа, Владата ја субвенционира и цената на електрична енергија за граѓаните.
-Врз основа на тој концепт ние правиме субвенционирање на цената на електрична енергија за граѓаните во износ од некаде 80 отсто што значи дека доколку не е тоа субвенционирање цената на електричната енергија која граѓаните ја плаќаат би била во просек месечно поголема за 2.150 денари, подвлече Ковачевски.
Тој порача истиот пример да го следат и општините кои, како што рече, во време на криза треба и да штедат.
-Во однос на општините тие исто така имаа можност да ги направат буџетите така како што го направивме државниот буџет со резерви за електрична енергија, со намалување на непродуктивни трошоци, бидејќи да не заборавиме државата ги намали тековните трошоци при планирањето на буџетот за 2022 година за 8 отсто, а исто така со одлука на Влада се ограничени сите купувања на мебел, автомобили и така натаму што исто така влијае на намалување на несуштински трошоци. Трошоците за репрезентација се намалени за 50 отсто и намален е бројот на службеници што патуваат во странство, појасни Ковачевски.
Ново на Сител
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
-

Иранската војска соопшти дека Ормуската Теснина е затворена
-

Македонија има светски шампион во карате – Марко Џорлев со пет победи стигна до златниот медал!
-

Во тек акција на МВР за сузбивање на трговија со дрога и оружје
-

Сончево со мала локална облачност до средината на следната седмица
-

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира - САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025
-

МВР: Во септември санкционирани 1.803 возачи на велосипеди и мотоцикли, одземени 88 мотоцикли
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
