Ковачевски: Граѓаните очекуваат ефикасност, Собранието да го донесе законот за минимална плата
Премиерот Димитар Ковачевски ги повика пратениците што поскоро да ги донесат измените на Законот за минимална плата со кои таа се зголемува на 18.000 денари.
– Ги охрабрувам пратениците во Собранието и политичките партии да дадат поддршка и што поскоро да го изгласаат законот за минималната плата. Граѓаните од нас очекуваат ефикасност и не смееме да дозволиме одложување на носењето на ова решение кое од огромно значење за работниците со ниски примања во време на криза. Ја повикувам опозицијата и нејзините пратеници да дадат поддршка на оваа верзија на законот и конечно да демонстрираме заедништво за одлуки важни за граѓаните, напиша Ковачевски на „Фејсбук“.
Ковачевски најавува дека платите и пензиите ќе растат и во иднина бидејќи, како што вели, сега е време секој денар од буџетот да се насочи како финансиска помош за граѓаните и стопанството.
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
