Ковачевски: Доколку нема прогрес во евроинтеграциите, тоа ќе биде сериозен удар врз кредибилитетот на ЕУ
Северна Македонија има докажани пријатели во земјите членки на ЕУ. Тие се оние земји кои гледаат кон иднината, наспроти минатото и од кои ние, Албанија, но и регионот имаме целосна поддршка во исполнувањето на стратешката цел – членство во ЕУ. Доколку не се обезбеди прогрес на процесот на евроинтеграции, тоа ќе биде сериозен проблем и удар врз кредибилитетот на ЕУ на Балканот, напиша на неговиот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.
– Јас, Edi Rama и Aleksandar Vučić денес донесовме одлука, уште еднаш да ја потврдиме позицијата дека Северна Македонија, Албанија и Србија имаат европска иднина. Решивме дека треба, пред земјите пријатели, кои се посветени на напредокот на регионот на економски и политички план и кои се залагаат за брзи и одлучни евроинтеграциски процеси, да ги повториме нашите заложби за европскиот пат на целиот Западен Балкан, пишува Ковачевски кој заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама се во Брисел каде што ќе учествуваат на самитот на ЕУ Западен Балкан во Брисел.

Тој подвлече дека тројцата лидери на самитот заеднички ќе ги повторат нивните ставови за процесот на евроингтеграциите на регионот.


– Ќе присуствуваме на состанокот на Советот на ЕУ. Нема да има многу што да се слушне за нас, но ќе бараме да бидеме слушнати за идејата за Нова европска политичка заедница која ја поддржуваме, за Отворен Балкан кој го промовира духот на Европа и за нашето киднапирање од Бугарија што сето тоа го уништува. Само што слушнав дека нешто денеска се придвижува во Бугарија. Прерано е за оптимизам и премалку за промена на делот од утрешниот говор каде Бугарија ќе биде критикувана како земја која киднапирала две земји од НАТО додека има жешка војна на европската граница!, наведува Рама.
Ковачевски, Вучиќ, Рама и нивните колеги од другите земји од Западен Балкан се повикани во Брисел на средба со челниците од ЕУ, што треба да се одржи в четврток, пред јунскиот самит на Европскиот совет на кој ќе се разговара за проширувањето на Унијата. На самитот за Србија нема да има отворање на ниту еден кластер.
Ново на Сител
-

Заврши првата рунда преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД во Абу Даби
-

Утринска магла, а потоа повремен дожд и снег
-

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Тошковски ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги ставиле партиските калкулации над човечките животи
-

Со едукација до свесно родителство | Марија Саздева | Личен Развој | Sitel Podcast 136
-

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ го посети ФК Силекс на подготовките во Анталија
-

Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби
-

Во велешката болница било донесено починато шестогодишно дете од Градско
-

Кривична за управител на правно лице, со фалсификување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра
