Ковачевски: Длабоко верувам дека Алтернатива ќе стане дел од мнозинството
Заменикот министер за финансии, Димитар Ковачевски кој е дел од владиниот преговарачки тим за влез на Алтернатива во Владата вели дека е позитивен.
- Ние имаме одредба во која сите кандидати ќе го чуваат дигнитетот на членовите и партијата. Ќе се посветам на промоција на мојата програма и комуникација со членовите во партијата. Разговорите ќе продолжат денеска.Оптимист сум, рационален оптимист и работам на решенијата. Длабоко верувам Алтернатива ќе стане дел од мнозинството, тоа ќе претставува стабилна влада, истакна Ковачевски.
Инаку тој денеска официјално ја поднесе својата кандидатура за претседател на СДСМ.
Партијата на 12-ти декември ќе го избира новиот претседател, откако лидерот Зоран Заев поднесе оставка од функцијата по поразот на локалните избори.
Според статутот на СДСМ за претседател може да се кандидра секој член со најмалку пет години работа во партијата и со поминат најмалку еден мандат како член на Централниот одбор со право на глас.
Рокот за поднесување кандидатури истекува во петок.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден