-->
-->
Ковач:Да беше Македонија барем во НАТО, поинаку ќе го решававме проблемот со бегалците
-->

Да влезеше Република Македонија во НАТО, сега поинаку ќе го решававме проблемот со бегалците, истакна денеска министерот за надворешни рбаоти на Хрватска, Миро Ковач, одговарајќи на прашање на дописникот на МИА од Брисел по денешниот Совет за надворешни работи на Европската унија за изјавата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов дека „ЕУ не и помогнала ниту со еден цент на Македонија“ во однос на бегалската криза.
Шефот на хрватската дипломатија, како што рече, има податок дека Унијата, сепак и помогнала на Македонија, но посочи оти го разбира раководство на македонската држава зошто не е задоволно и дека затоа Македонија треба да ги почне пристапните преговори со ЕУ.
- Пред некој ден видов дека е излезен податок што покажува дека на Македонија, сепак и се помага. Значи Европската унија и помага финансиски на Македонија. Но, независно од тоа, јас ги разбирам Македонците, го разбирам македонското државно раководство дека не е задоволно, бидејќи ние сакавме Македонија да влезеше во НАТО-сојузот што на жалост не се случи. Затоа, мислам дека би било важно Македонија конечно да ги започне преговорите за членство во Европската унија, дециден е Миро Ковач.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сообраќајка во Охрид: Двајца возачи со забрани, едниот пијан
-

Скандал во Бугарија: Жени тајно снимани во салони за убавина, снимките завршиле на порно-сајтови
-

Конкурс за избор на невеста и зет на „Галичка свадба 2026“
-

Втор ден од преговорите Русија – Украина во Абу Даби
-

Берлинскиот аеродром ги суспендира сите полетувања поради снег и замрзнат дожд
-

Зверев е подобар од Ѓоковиќ
-

ИЈЗ: Малигните неоплазми - втора најчеста причина за смрт, стапката на морталитет повисока кај мажите
-

Древен брод од Римското Царство откриен на морското дно, долж апулискиот брег
