„Костал“ бара договор според новите мерки за економски раст

Германската компанија „Костал“ која веќе работи во Охрид бара да потпише нов договор според новите мерки за економски раст.
Информацијата, како што информира владиниот портпарол, е усвоена вчера на седница на Влада.
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за предлог договорот за доделување на државна помош за инвестицијата на германската компанија Леополд Костал ГмбХ & Co. KG за реализација на инвестициски проект на територијата на Општина Охрид, како браунфилд инвестиција во постоечките капацитети на индустрискиот комплекс „ЕМО ОХРИД“, наменета за обука на вработени, тест производство и сериско производство на мехатронски делови составени од електроника, прекинувачи и конектори наменети за автомобилската индустрија, соопшти вчера владината прес-служба.
- Тоа е помош за компанија која веќе работи во Македонија, меѓутоа бара допговор според новите мерки за економски раст. Тоа значи дека овие мерки се веќе препознати и од постојните инвеститори во РМ, рече Бошњаковски.
Тој појасни дека станува збор за предлог договор, деталите уште не се утврдени. - Ова е само почеток на постапката. Кога ќе бидат уврдени и кога ќе ги знаеме ние и договорот ќе биде во завршна фаза ќе информираме веднаш, рече Бошњаковски.
Ново на Сител
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
-

Македонските студенти: Победата во Србија е доказ дека младите можат да направат промени
-

470 килограми месо од нелегална комора во Василево завршија на депонија
-

Преглед на вестите од светот
