-->
-->
Костадиновски на средба со земјоделците од Општина Чашка
-->
Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски заедно со директорката на Платежната агенција Билјана Вуковиќ, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски и на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски попладнево остварија средба се земјоделците од Општина Чашка. На средбата тие им ги претставија мерките на Владата на Република Македонија и надлежното Министерство, а воедно од земјоделците ги слушна и нивните предлози, проблеми и барања.
Како што информира Костадиновски според нивната евиденција најголем дел од земјоделците во Општина Чашка се тутунопроизводители, голем дел се занимаваат со сточарство, а дел и со полјоделство.
- Има голем дел мерки за помош на земјоделците од Општина Чашка, генерално преку програмите, а конкретно само за Општина Чашка во изминатите пет години се исплатени преку 3,5 милиони евра субвенции односно преку дирекно плаќање на земјоделците. Воедно можам да кажам дека само преку мерките од Програмата за рурален развој се финансирани повеќе од 40 милиони денари кои се наменети за подобрување на животот на населението од Општина Чашка, а која важи за рурална општина Чашка. Воедно за таа цел се обезбедени околу 35 милиони денари во изградба на патот спрема Манастирец и со програмата од 2015 предвидени се околу 15 милиони денари за завршување односно на реконструкција и проширување на овој пат кој е во должина од 10 километри, а со што ова село ќе биде поврзано со регионалниот пат. Воедно 5 милиони денари се финансирани преку ИПАРД фондовите наменети за земјоделците од Општина Чашка. Исто така во многу е искористена и мерката 50 наспрема 50 проценти наменета за осовременување на механизацијата на земјоделските стопанства, како и мерките за подигање на нови овошни насади каде што се покрива 50 проценти од инвестицијата и исто 50 проценти од инвестицијата за помош за сточарите за набавка на добиток, информира заменик министерот Костадинов.
Воедно Костадинов со земјоделците разговараше и за тоа како се одвива откупот на тутун во Општина Чашка.
- Тие пред некое време ме известија дека во Општина Чашка нема откупен пункт за тутун и ние ако Министерство направивме напор и таков пунк веќе отворивме во Чашка. Со тоа им олеснивме на земјоделците да не одат во Велес, а тука во Чашка што е многу и поблиско и поевтино да го донесат и предадат произведениот тутун. Воедно важно е дека вршиме и контрола на откупувачите за откупениот тутун, а заедно со инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство, информира заменик министерот Костадиновски.
- Ние откупот на тутун ќе го следиме до последен ден и од откупните претпријатија бараме реално да го вреднуваат квалитетот на тутунот и истиот соодветно да биде платен на производителите, потенцира заменик министерот Костадиновски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа
-
Блинкен вели дека 8.000 Севернокорејци на границата со Русија се подготвени за борба со Украина
-
Донесен законот за неработна недела за трговците во Федерацијата Босна и Херцеговина
-
Алкалоид бележи позитивни финансиски резултати
-
УНИЦЕФ: Најмалку по едно дете гине секој ден во Либан
-
Уставниот суд укина одредба од Правилото за сместување и ред во Армијата која се однесува на слободно вршење на верски обреди
-
Апасиев праша за признавање на Палестина, премиерот Мицкоски повика на мир
-
МВР: Зголемен бројот на фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на МВР и директорот на БЈБ, граѓаните да не ги отвораат овие пораки