Костадиновска-Стојчевска во официјална посета на Париз
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска престојува во официјална посета на Париз каде што ќе се сретне со директорот на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Лазаре Елоунду Асомо, како и со Ернесто Отоне, помошник-генерален директор на УНЕСКО за култура.
На средбата ќе стане збор за активностите во рамките на УНЕСКО, а ќе бидат разгледани и плановите и проектите што ќе се реализираат во текот на оваа година, кога се одбележуваат 30 години од нашето членство во оваа еминентна организација. Ќе стане збор и за соработката со Центарот за светско наследство на УНЕСКО и советодавните тела и нивната експертска помош.
Костадиновска-Стојчевска, која е и претседател на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, заедно со Татјана Краљевска-Лазарова, генерален секретар на Националната комисија на УНЕСКО, попладне ќе присуствува и на 16. сесија на Меѓувладиниот комитет за заштита и унапредување на разноводноста на културните изразувања, која од 7 до 10 февруари се одржува во седиштето на УНЕСКО, во Париз.
Ново на Сител
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите
-
Штрајк од први јуни ако не им се исполнат барањата: Вработените во ФЗОМ одржаа предупредувачки протест
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден