Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш покажаа дека единствена цел им е да го спасат криминалот на Груевски

На сите веќе ни е јасно – Мицкоски не го интересира владењеето на правото и нашата интеграција во ЕУ и Нато. Тој има само една јасна задача- да ги штити Груевски, Мијалков и тајкуните на единаесетгодишниот диктаторски режим.
Мицковски е подготвен да ги загрози преговорите со ЕУ, да ја жртвува иднината во НАТО и иднината на своите сограѓани, само за да го спаси неговиот ментор Никола Груевски.
Фокусот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се сведува само на едно: запирање и уништување на предметите на СЈО во кои главни обвинети и осмничени се функционери од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.
Малку им беше што од 2006-2016 дрско ја партизираа државата и судството, манипулираа со граѓаните со закани и уцени, сега сакаат и нивен партиски обвинител чија главна улога ќе биде да го амнестира деценискиот криминал и расипништво.
Тој има само една јасна задача, да ги штити Груевски, Мијалков и тајкуните на 11 годишниот диктаторски режим.
Мицкоски е подготвен да ги загрози преговорите со ЕУ, да ја жртвува иднината во НАТО и иднината на своите граѓани, само за да го спаси неговиот ментор, побегнатиот криминалец во Будимпешта, Никола Груевски.
Но, да бидеме искрени и да бидеме реални, дури и барањето за предвремени избори е обична фарса со која Мицкоски сака да сокрие дека членството на ВМРО-ДПМНЕ се жртвува за да се избришат обвиненијата за „Талир” „Тврдина“ „Таргет“ „Империја“ „Империја 2“.
Ние граѓаните не смееме да дозволиме нашата сигурна иднина да биде во заложништво на азилантот кој од Будимпешта му дава инструкции на едократниот Мицкоски.
Со вчерашното преземање на предметите од страна на Јавното обвинителство, целосно е обезбедена иднината на сите случаи на СЈО со цел тие да имаат своја разрешница во системот на јавното обвинителство и судство.
Сите предмети, сите истраги и предистраги продолжуваат во целосна независна надлежност на државното јавно обвинителство.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе одговараат пред граѓаните за загрозување на правдата, за попречување на реформите и за загрозување на европскиот пат на нашата земја.
Повеќе од две години како опозициска партија и 11 години претходно како режимска власт, ВМРО-ДПМНЕ е најголемата штета за Северна Македонија на патот до правда и до Европската унија.
Мицкоски, ние никогаш нема да отстапиме од заложбите за воспоставување правна држава.
Тоа Мицкоски, треба да му го пренесе и на неговиот ментор, Никола Груевски!
Ве уверувам, ве уверуваме дека во Република Северна Македонија ќе има правда, секој кој што се огрешил пред законите, ќе одговара.
Ново на Сител
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
