Костадинов: Мицкоски не ги почитува граѓаните и нема доблест да им се извини

Христијан Мицкоски, трет ден се крие од јавноста откако се потврди дека ги лажел граѓаните за неговиот ангажман како советник на Никола Груевски.
Иако самиот призна дека земал пари додека му бил советник на Груевски, што ги чинело граѓаните 2 милиони денари, Христијан Мицкоски не им се извини на граѓаните за тоа што ги излажа.
Без никаков срам Мицкоски лажеше пред граѓаните, пред оние од чии пари земал месечни хонорари, а сега се крие и одбива да им се извини.
Ова однесување на Христијан Мицкоски потврдува дека:
Мицкоски не ги почитува граѓаните и нема доблест да им се извини!
Ги потценува граѓаните и за него граѓаните очигледно не се важни!
Мицкоски нема образ и личен кредибилитет!
Христијан Мицкоски не само што го следи патот на Никола Груевски туку очигледно ги дели и истите вредности со него.
Тоа е една иста матрица на ВМРО-ДПМНЕ која 11 години владееше со лаги, местенки, монтирани случаи и поделби што на граѓаните на Македонија им одзеде деценија од нивните животи.
Тоа е матрицата која што граѓаните ги понижуваше, ги обесправуваше, осиромашуваше и задолжуваше, додека поединци од власт се богатеа.
Граѓаните ќе го ценат Мицкоски по ова негово однесување.
Ново на Сител
-

Пропадна изборот за член на Антикорупциска, ќе се распишува нов оглас
-

Тема на денот со Миле Цеков, пратеник од ЗНАМ
-

Дизелот поскапува за 3.5 денари, цените на бензините остануваат исти
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани на 5 дена
-

ФЗО констатирал злоупотреби кај секое 5-то издадено боледување на вработени во МВР
-

Средба Муцунски - Кос во Брисел, се бара достоинствено решение на спорот со Бугарија
-

Мицкоски потврди - владина реконструкција во мај или јуни
-

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР - основа за измена на изборниот законик
