Косовско МВР: На север не се испратени никакви дополнителни специјални единици

Заменикот министер за внатрешни работи на Косово, Абдулселами Шкодра информира дека ниеден полицаец од специјалните полициски единици не е испратен дополнително на северот на Косово и дека состојбата таму е редовна, јави дописникот на МИА од Приштина.
Шкодра им изјави на новинарите дека ситуацијата во овој дел на Косово, населен со мнозинско српско население, е мирна и стабилна.
- Состојбата е сосема нормална. Ниеден полицаец од специјалните полициски единици не е испратен на северот на земјата и таму се само тие кои се редовно во регионот на Митровица. Ситуацијата е мирна и нема никакви индиции до овие моменти дека може да има некаква дестабилизација или било какви безредија, изјави Шкодра.
Порано утрово косовските медиуми јавија дека елитните полициски сили се мобилизале од Приштина и се стационирале во базата „Белведере“ во селото Фрашер во близина на Митровица.
Извори од Косовската полиција за порталот коха.нет не ја негираа информацијата, но изјавија дека полициските сили се ставени во состојба на готовност „за секој случај“.
Косовската, но и српската јавност, како и политичките чинители во двете земји, се алармираа по предупредувањето на српскиот свештеник од Косово, Сава Јањиќ, кој најави дека денеска, ден по истекувањето на рокот за формирање на Зедницата на општините со мнозинско српско население (ЗСО), можно е да има безредија во северниот дел на Косово, предизвикани од локалните Срби. По тоа, предупреди игуменот на манастирот во Дечани,би уследила жестока реакција на косовските специјалци и на Безбедносните сили на Косово (ФСК), што би довело до крвопролевање и би го означило почетокот на размена на територии, за што се залагаат одредени кругови во Белград и Приштина.
Официјален Белград ги повика косовските Срби да не преземаат никакви дејствија кои би предизвикале интервенција на косовските сили, а Јањиќ го обвинија дека, како што беше објавено по вчерашната седница на српскиот Совет за безбедност, „како човек кој го примил косовското државјанство“, работи во полза на Приштина и против српските интереси во Косово.
Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај порача дека жестоко ќе одговори на секој обид за дестабилизација на државата, а во готовност се ставија и единиците на КФОР стационирани во Косово.
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили во операцијата за апсење на Мадуро употребија тајно оружје
-

Прекин на товарниот сообраќај на граничните премини, МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите
-

Тројца загинати, две исчезнати и седуммина повредени во пожар во фабрика во грчкиот град Трикала
-

Обама: Убиството на Прети е повик за будење за секој Американец
-

Германија против Данска во дербито на денот на ЕХФ Еуро 2026
-

Најмалку седум лица загинаа во зимската бура што ги погоди САД
-

Хрватска државјанка осомничена за семејно насилство во Кавадарци
-

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“
