Косовскиот Парламент му изгласа уште двегодишен мандат на Еулекс

По повеќечасовна расправа во косовскиот Парламент околу продолжување на мандатот на мисијата на Еулекс, пратениците со 84 гласови „за“, шест против и еден воздржан, усвоена е одлуката на косовската Влада оваа мисија во Косово да делува уште две години.
- Мнозинството пратеници во своите дискусии и оние кои беа за продолжување на мандатот и оние против изнесоа оценка дека мисијата на Еулекс во изминатиот период не одговорила на поставената задача и побараа да ја исполни мисијата за која доаѓа во Косово, пренесува електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“.
Во обраќањето до пратениците, премиерот Иса Мустафа побара да се изгласа продолжување на престојот на мисијата, бидејќи на тој начин му правеле услуга на косовското правосудство.
Според Мустафа, Владата високо ја цени мисијата на Еулекс и треба понатаму да остане во Косово со цел да се зајакне судскиот систем во земјата за да може да се справи со организираниот криминал и корупцијата.
- Во име на Владата ве повикувам да ги усвоите овие два закона и со тоа да му направиме услуга на косовското правосудство, истакна Мустафа.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
