Косовската влада го продолжи рокот за промена на српските со косовски регистарски таблички
Владата на Косово го продолжи рокот за замена на нелегалните регистарски таблички со косовски, односно за замена на регистарските таблички издадени од Србија за возилата во северно Косово, со таблички со знакот RKS (Република Косово), јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што соопшти владината служба за информирање, рокот кој истече вчера е продолжен за 15 дена, односно до 15 декември годинава.
– Владата на Република Косово одржа електронска седница, на која ја измени и дополни владината одлука… од 30 октомври 2023 година, со што го продолжи рокот за регистрација со финансиски поволности за сопствениците на возила со деноминациите „ПР“, „КМ“, „ПЗ“, „ГЛ“, „УР“, „ПЕ“, „ДА“ или „ЃА“ до 15 декември 2023 година, се вели во соопштението на Владата.
Полицијата претходно побара од Владата да го продолжи рокот со образложение дека постои голем интерес кај граѓаните во четирите северни општини за промена на регистарските таблички во РКС.
Според полицијата, до 29 ноември возилата ги пререгистрирале 3001 граѓанин, додека и вчера, последниот ден од претходниот рок, имало големи редици во центрите за регистрација на возилата во општините со мнозинско српско население во северно Косово.
Ново на Сител
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител