-->
-->
Косово примено во ФИФА и ќе игра квалификации за СП
-->
Светската фудбалска федерација (ФИФА) со мнозинство гласови го прими Косово меѓу своите членки. Косово, минатата недела стана член на УЕФА, а во петокот на Конгресот на ФИФА во Мексико Сити стана 210-членка на оваа организација.
Од вкупно 205 присутни членови на Конгресот, 164 гласови биле валидни, а за прием на Фудбалскиот сојуз на Косово гласале „за“ 141, додека 23 членови биле против.
Покрај Косово, на Конгресот во Мексико Сити член на ФИФА стана и Гибралтар, што значи дека овие две селекции ќе учествуваат во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија.
Според претходниот договор Косово во квалификациите ќе игра во групата каде се Хрватска, Турција, Исланд, Финска и Украина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија