Косово побара помош од САД и од ЕУ за демаркација на границата со Црна Гора
Доколку странските експерти оценат дека постои каква било грешка во демаркацијата на границата со Црна Гора, од наша или од страната на Црногорците, постои подготвеност тие грешки да се поправат, изјави косовскиот премиер Иса Мустафа.
- Владата на Косово побара помош од САД и од ЕУ за граничната линија со Црна Гора, нагласи Мустафа, и додаде дека на странските експерти ќе им биде даден увид на сите докумени со кои располага Приштина, вклучувајќи ги и забелешките кои претходниот месец ги даде опозицијата, сметајќи дека договорот со Подгорица е направен на штета на Косово.
- Баравме од САД да ни испрати еден или два експерти, го побаравме тоа и од ЕУ. Експлицитно барав ЕУ да испрати комисија која е запознаена со прашањето за границите. Можеби и Велика Британија ќе испрати еден експерт, потенцира Мустафа.
Косовскиот премиер нагласи дека странските експерти ќе видат дали е направена грешка, и дека Црна Гора и Косово се подготвени да ја поправат.
Во договорот за формирање на Заедница на српски општини, демаркцијата на границата со Косово е главна причина за протестите во Приштина и блокадата на Собранието во Косово.
Суспензијата на овој договор претставува услов кој опозицијата го постави за враќање во косовскиот Парламент.
Имено, договорот за демаркацијата на границите е потпишан во средината на август во Виена.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница