Косово ги отвора границите кон Македонија, Албанија и Србија
Владата на Косово на денешната попладневна седница одлучи „да ги отвори државните граници на Република Косово“ со Македонија, Албанија и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според дел од приштинските медиуми, ваквата одлука на Владата значи дека граѓаните на трите соседни држави нема да имаат потреба да приложуваат тест со кој ќе докажат дека не се заболени од Ковид-19.

Меѓутоа, во официјалното соопштение од седницата на Кабинетот на премиерот Авдулах Хоти, одржана со видео-конференциска врска, на ниедно место не се споменуваат тестовите или други процедури кои граѓаните од тие држави треба да ги спроведат за влез во државата.
– Донесена е и одлука за отворање на државните граници на Република Косово со Република Албанија, Република Македонија и Република Србија, се вели во соопштението по седницата на косовската Влада.
Ново на Сител
-

ЕУ поддршка за развој на капацитетите за сајбер безбедност во Македонија
-

Поради неисплатени субвенции, сточарите се заканија со протести
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
