Косовец со БМВ влечел цариник на Блаце откако му ја забележал кесата дрога под седиштето
Косовски државјанин е лишен од слобода откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно го преминал преминот со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царинскиот службеник кој го запрел за детална контрола.
Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", како и за „спречување службено лице во вршење службено дејствие", двете казниви според Кривичниот законик.

- На 15 јули, во вечерните часови, царинските службеници на граничниот премин Блаце го застанаа за царинска контрола сега приведениот Р.Е. Контролата е извршена од двајца царински службеници, при што лицето е повикано да го отвори багажникот на возилото за проверка. Во моментот кога осомничениот увидел дека еден од царинските службеници ја забележал кесата под совозачкото седиште и посегнал да ја провери, противзаконски влегол во возилото и насилно ја преминал граничната линија, повлекувајќи го царинскиот службеник кој се обидел да го сопре, соопшти денеска Царинската управа.
Повикана е граничната полиција, која заедно со царинскиот службеник, по десетминутна потера, му го пресекла патот и лицето е лишено од слобода. Осомничениот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги при Царинска управа, кое го презеде случајот и по спроведените истражни дејствија поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје.

Во текот на бегството, осомничениот ја фрлил кесата со дрога која е пронајдена во близина на местото на приведувањето. По налог на јавен обвинител, дрогата е дадена на вештачење, при што е утврдено дека станува збор за опојна дрога марихуана со тежина од еден килограм. Кај осомничениот е пронајдено и ладно оружје.
- Царинскиот службеник кој насилно беше повлечен при обид да го спречи осомничениот во бегството, се здоби со лесни телесни повреди. Двајцата царински службеници кои учествуваа во интервенцијата на граничниот премин Блаце, се пример за секојдневната храброст која вработените ја вложуваат во службата, со цел заштита на државата, велат од Царина.
Ново на Сител
-

Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври
-

Безбедна е водата за пиење во Скопје
-

Комбе со српски туристи на пат кон Грција излета од патот кај Велес, возачот наводно заспал
-

3.100 затруени во Гостивар
-

СОЗР ги објави локациите во Гостивар каде ќе се дистрибуира вода за населението, денеска испорака на 76.000 литри
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени кога ќе одобри Обвинителството
-

Шасивари: Продолжуваме со силното партнерство со САД за владеење на правото и борба против корупцијата
-

До петок настабилно време со дожд, грмежи и ветер
