Косовците трети по бројност меѓу барателите на азил во Франција
Косовските државјани се на третото место по бројноста на списокот на баратели на азил во Франција во текот на минатата година.
Како што јави дописникот на МИА, со 4.650 барања за азил Косовците се наоѓаат веднаш зад Сиријците со 5.200 и Суданците со 5.060.
- Франција во текот на 2015 година остана „во сенка“ кога станува збор за напливот на бегалци, споредено со големиот бран во Германија, Австрија, Шведска... Сепак и во оваа западноевропска земја во годината која измина имаше значителен број азиланти, пишува приштинскиот весник „Експрес“.
Според француските надлежни институции за бегалци, на кои се повикува весникот, лани во Франција азил побарле 79.130 лица или 22 проценти повеќе споредено со претходната година.
Од вкупнот број баратели, право на азил добиле 31 отсто. Во 2014 година право на азил им бил одобрен на 28 отсто од барателите. Од барањата на Сиријците биле прифатени дури 97 отсто .
Растот на барателите на азил во 2015 година, француските власти го објаснуваат со големиот бран бегалци кон Европа од конфликтните зони, како што е Сирија.
Од друга страна зголемениот број азиланти е последица и на останувањето на бегалците кои имале неуспешен обид преку Ламанш да заминат за Велика Британија, по што подигнаа камп во близина на пристанишниот град Кале.
Ново на Сител
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда
-
Годинава се очекуваат околу 65 милиони килограми од популарната црвена пиперка ајварка
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква