Коснет-САД сакаат траен договор за Косово и нема да се противат на мали измени во разграничувањето
САД сакаат дијалогот меѓу Белград и Приштина да доведе до траен договор кој ќе ги задоволува двата народи и доколку Приштина и Белград се согласат да разговараат за мали измени во разграничувањето, ние нема да се спротивставиме на тоа, порача американскиот амбасадор во Косово, Филип Коснет.
Коснет за весникот „Газета експрес“ изјави дека САД сакаат овој процес да доведе до траен договор што ги задоволува двата народа, не само политичките лидери, а за тоа ќе биде потребно време. Тој верува дека ова е можно во 2020 година и додаде дека сегашната американска администрација е посветена на поддршката на овој процес.
-Ние сме посветени на мирот, правдата и просперитетот за сите на Балканот, а нашите пријатели од Европската унија исто така се вклучени во овој процес. Не мислам дека одложувањето на дијалогот ќе биде од корист за Косово, бидејќи тоа не и помогна на економијата на земјата. А имаме проблем со повлекувањата на признанавањата, рече Коснет.
Коментирајќи ја изјавата на Албин Курти дека како премиер ќе ги води разговорите во дијалогот Приштина-Белград и дека не го сака присуството на Хашим Тачи во тие разговори, Коснет верува дека Курти, како премиер, ќе изгради професионален и конструктивен однос со Тачи.
Коснет рече дека досегашните преговори меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и Тачи не треба да се игнорираат и отфрлат.
Тој е убеден дека и покрај негативниот став, Косово треба да биде активен учесник во најновата иницијатива за „мини-Шенген“, затоа што, само со заеднички напори на сите на Западен Балкан, можно е да се создаде регионална економија и мир.
Ново на Сител
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника
-
ССМ пресмета: Месечно потребни се над 1,000 евра за да се преживее
-
Земјоделците од Иловица и Штука блокираа пат поради откупната цена на младиот компир од само 15 денари
-
Хируршките сали не работат со денови - Бесија Иљази од токсикологија забрани изјави за новинари
-
ССЗ против намерата за припојување на болницата во Лешок кон Клиничката во Тетово
-
Полиција и куп инспектори влегоа во забавниот парк во Карпош