Кошаркарски спектакл пред 50 илјади гледачи во Мелбурн
Кошаркарската репрезентација на САД, во подготвителен натпревар, забележа победа над Австралија 102:86 (22:20, 22:23, 32:18, 26:25). Натпреварот се одигра над стадионот Марвел во Мелбурн пред 50.000 гледачи.
Австралијците против САД се држеа едно полувреме, кое заврши со поен предност за Американците. Во вториот период САД со серија 17:3 прв пат стекнаа двоцифрена предност, на што Австралија преку Крис Гоулдинг и Пети Милс одговори со серија 13:1.
Во третиот период Американците со нова серија стекнаа нова двоцифрена предност, но за разлика од првиот дел не им им дозволија на Австралијците да се вратат во мечот.
Капитенот на САД, новиот играч на Бостон Селтикс, Кемба Вокер со 23 поени беше најефикасен на натпреварот. Неговиот соиграч Мајлс Тарнер забележа двоен ефект од 15 поени и 14 скока.
Австралија ја предводеа Пети Милс и Крис Гоулдинг со по 19 поени.
Ново на Сител
-
Починато бебе однесено во струшката болница
-
Ѓурчевски: Шефовите на клановите дури се живи даваат наредби, независно дали се во затвор или во бегство
-
ЕУ извештај во кој се признаваат македонскиот јазик и идентитет
-
Преглед на вестите од светот
-
Предлогот за именување на Трајко Славевски за гувернер пред пратениците
-
Предлог за Ратификација на Договорот со Обединетото Кралство на пленарна седница
-
Ѓурчевски: Сложено е да се „исчисти“ целото скопско подземје
-
Прес-конфецернција на премиерот Христијан Мицкоски