Кошарка
8. February 2017 - 12:31

Кошаркарите кадети на гостување во Истанбул

Македонската репрезентација за кошаркари до 16 години се наоѓа во Турција каде ќе учествува на силен меѓународен турнир.
 
Натпреварите ќе се играат во Истанбул од утре до недела.
 
Кратките подготовки за овој турнир Македонија ги одржа во салата на Вардар под „Кале“ предводени од селекторот Небојша Ѓуковиќ.
 
- Во однос на ангажираноста и посветеноста на младите репрезентативци како селектор сум релативно задоволен земајќи предвид дека одржавме само неколку тренинзи, а и мојата девиза е дека секогаш може и мора подобро, изјави Ѓуковиќ.
 
Македонија ќе одигра четири пријателски натпревари: два против врсниците од Анадолу Ефес (9 и 12 февруари) и по еден со Дарушафака (10 февруари) и Галатасарај (11 февруари).