Коронавирусот „збриша“ 420 милијарди долари од вредноста на акциите на берзите во Кина

Инвеститорите распродаваа акции и јуани, а трговијата на берзите требаше да биде прекината поради уривање под прагот што се смета дека е почеток за паника, јавија западни медиуми.
Масовното обезвреднување се случи и покрај тоа што Централната банка на Кина соопшти дека ќе „инјектира“ 174 милијарди долари за ликвидност во финансискиот сектор.
Покрај тоа, властите објавија дека сите основни производи ќе бидат загарантирани и дистрибуирани преку централна мрежа за контрола на тие производи. Со преземање активности надвор од производството на овие производи им беше дозволено на фирмите да ги продолжат слободните денови во име на здравствената сигурност.
Бројот на починати во Кина во епидемијата на новиот коронавирусот до вчера нарасна на 362. Во Кина се регистрирани вкупно 17.205 заболени.
Ново на Сител
-

Предлози и критики за Стратегијата за образование и наука 2026-2032 ќе може да се испраќаат до крајот на годината
-

Рамстор додели МG автомобил на наградна игра „20 години Рамстор Мол“
-

„Алкалоид“ АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
-

Алиу: Да ги почекаме институциите
-

Полицијата во акција против пиротехника
-

Одбележани 6 години Интервентна полиција
