-->
-->
Копа Либертадорес: Финале без Бока Ј.
-->

Атлетико Насионал (Колумбија) и Индепендијенте дел Валје (Еквадор), ќе играат во финалето на Копа Либертадорес, јужноамериканскиот пандан на европската Лига на шампиони.
Ако пласманот на Атлетико во финалето е изненадување, тогаш еквадорскиот Индепендијенте приреди вистинска сензација во полуфиналниот двомеч, елиминирајќи го еден од најпознатите јужноамерикански клубови Бока Јуниорс.
Колумбискиот Атлетико Насионал во полуфиналето го елиминира бразилскиот великан Сао Паоло со две победи, 2:0 во Бразил и 2:1 во Колумбија.
Двоен триумф над шесткратниот освојувач на Копа Либертадорес забележа и еквадорскиот Индепендијенте. Првиот натпревар на домашен терен, Еквадорците го завршија со триумф 2:1, а во реваншот во Буенос Аирес триумфораа со 3.2.
Бока на преполната „Бомбоњера“ поведе во четвртата минута со голот на Павон, а во 25-та израмни Касиедо.
На стартот од второто полувреме со два гола во две минути (Кабесас и Ангуло), играчите на Индепендијенте изборија финале. Конечниот резултат го постави Павон од пенал во 91-та минута.
Финалниот двомеч во Копа Либертадорес ќе се одигра на 20. и 27.јули, домаќин на првиот меч ќе биде еквадорскиот Индепендијенте дел Валје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
