Координативен состанок за миграцијата, планови и начини за справување

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за Европски прашања, Д-р Фатмир Бесими одржа координативен состанок со претставници на ЕУ, повеќе земји и организации донатори во Република Македонија. Тема на состанокот беше миграцијата и планови и начини за справување со предизвиците од актуелната ситуација во земјата, регионот и Европската Унија.
На состанокот, на кој учество зема и министерот за внатрешни работи Чавков, беа презентирани плановите на Владата на Република Македонија за справување со бранот мигранти од земјите на Блискиот исток и Африка. Притоа, беа изложени и конкретни проценки на потребите, од кои дел веќе се обезбедуваат од сопствени извори и ресурси на земјата, како и преку поддршка од неколку меѓународни организации, активни во оваа област.
Од страна на присутните претставници на ЕУ, земјите донатори и меѓународни организации беше поздравена иницијативата за одржување на ваква средба. Ова, особено што истата се одржува во пресрет на министерскиот состанок на ЕУ во Луксембург, на кој се разгледуваат конкретни планови на Унијата за справување со ситуацијата.
На состанокот беше договорено истиот да прерасне во редовна месечна форма на координација на Владата и донаторската заедница на тема миграција, за што веќе се утврдени и конкретни чекори и механизими на соработка.
Ново на Сител
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
-

Синер без загубен сет го совлада Ѓоковиќ за финале на Вимблдон
-

Трамп: Иран бара продолжување на преговорите, ние се согласивме, но предупредуваме дека прекинот на огнот е завршен
