Контрола во ноќен бар во Тетовско, затекнати 10 странски државјанки

Полицијата во акциска контрола спроведена викендов во ноќниот бар „Енерџи клуб“ лоциран на регионалниот пат Тетово-с. Сарачино затекна 10 странски државјанки кои незаконски работат во објектот.
Од нив девет се од Република Србија: Ј.С.(27), М.М.(23), К.С.(28), Ј.Т.(21), М.А.(23), С.М.(30), С.М.(27), Т.Т.(25), А.С.(23), С.Г.(20) е од Република Албанија и три државјанки на Република Македонија В.М.(36), Н.К.(32) и Г.М.(37).
Во објектот се затекнати и сопственикот на угостителскиот објект А.М. (33) и Х.И.(34), од Прешево, Република Србија.
Лицата се приведени и задржани во СВР - Тетово за расчистување на случајот по што против седум лица, странски државјани се поднесени барања за поведување прекршочна постапка дека престојуваат спротивно на целта на Закконот за странци. Од страна на Основен Суд Тетово на лицата им е одредена парична глоба и мерка забрана за влез во РМ во времетраење од 1 година.
Против А.М., сопственикот на угостителскиот објект по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава пријава, додека против И.Х. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено дело „помагање за илегално преминување на државната граница“ на две странски државјанки.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
