Конте: Играме над нашите можности, благодарност на играчите за тоа
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека неговиот тим сè уште игра над своите реални можности и додаде дека верува оти клубот од Неапол може да ја освои титулата во Серија „А“, објавија италијанските медиуми.
Фудбалерите на Наполи одиграа нерешено со Џенова во неделата вечерта (2-2), додека Интер го победи Торино (2-0) на гостински терен во 36-то коло од Серија „А“.
На две кола пред крајот на италијанското првенство, Наполи е на првото место на табелата со 78 бода, додека Интер е втор со 77.
-Завршницата на сезоната претставува цел што беше апсолутно незамислива на почетокот. Би било неверојатно да се постигне тоа. Овие навивачи го заслужуваат тоа, бидејќи луѓето од Неапол нè следеа со страст и ентузијазам. Сè уште играме над нашите реални можности и затоа можеме само да им се заблагодариме на овие играчи за сè. Горчливо е, бидејќи резултатот не беше фер, но секогаш им велам дека деталите прават разлика и дека можевме да бидеме подобри во тие детали, изјави тренерот на Наполи.
Тој истакна дека „небесно сините“ пропуштиле голем број шанси на натпреварот против Џенова.
-Џенова имаше два удари кон голот и постигна два гола. Вакви работи се случуваат во фудбалот - кога ќе примите гол, секогаш има нешто што можевте да го направите подобро, рече Конте.
Наполи ќе игра на гостински терен против Парма во 37. коло, а потоа ќе го пречека Каљари во последното коло. Интер прво ќе го пречека Лацио на домашен терен, а потоа ќе биде домаќин на Комо.
-Не можам да им замерам на моите играчи за натпреварот против Џенова - тие имаа 22 шутеви, од кои 11 беа во голот, доминираа во поседот на топката и на крајот резултатот беше нерешен. Мораме да бидеме подобри во вакви ситуации. Разочарувачки е, бидејќи заслуживме да победиме, заклучи Конте.
Ново на Сител
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини